Македонија
18. April 2021 - 19:49

Собранието го усвои петтиот пакет мерки, гласаа и позитивни пратеници

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки со поддршка на пратеници од власта и од опозицијата. Иако беше обезбеден кворум со подршката која ја понудија од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса на Албанците, за мерките гласаа и двајца позитивни пратеници од пратеничката група на СДСМ кои специјално дојдоа за оваа седница.
 
Опозицијата бара кривична одговорност за пратениците, за спикерот Џафери и за Собранието кои во услови на пандемија и решенија за изолација го загрозија здравјето на сите во зградата.
 
Болните пратеници во собраниската сала претходно гласаа и за точките од 32-та седница, за кои ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека нема да бидат во салата, но затоа пак, кворумот најавија дека ќе го помогнат пратениците на Алијанса и Алтернатива.
 
Од власта пак, велат на овој начин го одблокирале Собрнаието во интерес на граѓаните кои со месеци ги чекале мерките. Џафери тврди дека имало протокол со кој се овозможува на пратеници со КОВИД да доаѓаат на работа.
 
Мерките се носи со два месеци задоцнување поради блокадите во Собранието, но и поради тоа што власта често имаше корона позитивни пратеници. Со нив се овозможува еднократна парична помош од 6.000 денари за посебни категории граѓани, потоа парична помош за физичките лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари и март и минимална плата по вработен за фирмите за месеците февруари и март.