Собранието ги усвои предлог-стратегијата за родова еднаквост и предлог законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство
Собранието на денешната 50. седница ја усвои Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година, како и Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.
„За“ Предлог-стратегијата за родова еднаквост гласаа 60 пратеници и немаше ниту еден „против“ или „воздржан“.
По усвојувањето на оваа Предлог-стратегија, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски процедурално упати забелешки до собранискиот претседател Талат Џафери заради тоа што претходно, за време на 82. седница, не се гласаше за дополнетиот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
– Оваа точка пред самото гласање ја тргнавте од дневен ред. Точката ги исполнува сите услови денеска да се гласаше. Се работи за Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, каде што сите општини во државата ќе можат, доколку се изгласа ова законско решение, повратното ДДВ од 3,5 отсто да се зголеми на секоја единица на локална самоуправа и да дојде до 5 проценти. За жал, вие сакате оваа точка да не се изгласа и единиците на локалната смаоуправа и градоначалниците да добиваат помалку средства, рече Мицевски.
Поради тоа, Мицевски побара еден час пауза. Спикерот Џафери не дозволи пауза одговарајќи дека во текот на денот ќе се вратат повторно на 82. седница, каде на дневен ред ќе биде и оваа точка.
Пратеникот Јован Митревски од СДСМ процедурално посочи дека Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа е навистина важен, а е блокиран две години од страна на Комисијата за финансирање и буџети. Тој посочи оти нивниот став е идентичен, а тоа е дека ќе го поддржат овој закон, бидјеќи е важен за граѓаните, но најпрвин да завршат со оваа седница.
Собранието продолжува со седницата по пауза од еден час.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата