-->
-->
Собрани се потребните средства за лекување на малата Нина во САД
-->
Со новогодишен концерт на Студиото за модерен балет „Реверанс“ од Струмица вечерва ќе биде означен крајот на големата хуманитарна акција за собирање средства за операција на малата Нина Димитриевска од Струмица.
Седумгодишното девојче треба да замине на лекување во САД во наредните месеци, а со вечерашниот концерт преку симболична цена на влезниците треба да бидат собрани 65-те илјади евра потребни за лекување на Нина.
На концертот во Домот на АРМ ќе настапат мали и големи играчи, кои преку нивните кореографии уште еднаш ќе и помогнат на Нина.
На концертот како гостин ќе настапи и саксофонистката,Александра Илиева.
Во изминатиот период преку хуманитарни акции беа собирани средствата за лекување на Нина, а донираа и голем број поединци и компании.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски на работни средби во САД, во фокусот можноста за инвестиции во државата
-
Тројца турски државјани уапсени во Скопје, во себе носеле марихуана и два ножа
-
Директорот кој клечеше пред гимназија во Нови Сад денеска им држел настава на само тројца ученици
-
До крајот на денот облачно со сончеви периоди, од утре дожд и снег
-
Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
-
ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете
-
28 годишник физички нападнал доктор во тетовската болница
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица