Македонија
29. August 2016 - 8:23

Собрани 31 единица крв на празничната акција во Крива Паланка

На вчерашната традиционална крводаритеска акција која се одржа  по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица, во Крива Паланка се собрани 31 единица крв.
 
Акцијата ја релизираше општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
 
- Празничната акција беше петта овој месец. Во август реализиравме две Илинденски акции кои се одржуваат секоја година во селата Трново и Петралица, а кон средината на месецот се одржаа уште две, во селата Радибуш и Герман. Со оваа акција и денешните собрани крвни единици веќе надминавме 90 отсто реализација на Годишниот план за крводарувања, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.
 
Акцијата се одржа во просториите на старата фурна на манастирот Свети Јоаким Осоговски, а траеше до 20 часот.
 
Со годишната Програма за крводарителески акции на кривопаланечкиот Црвен Крст предвидено е да бидат собрани 711 крвни единици, а проекциите на овој план редовно се натфрлаат