Македонија
1. May 2016 - 8:14

Собраќајот тековно без забрани

Сообраќајот на сите  државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. На  магистралниот пат Крива Паланка - Ранковце е нормализиран сообраќајот кој беше во прекин е нормализиран од 23.10 часот. На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5тона) сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д.Капија – Корешница – Војшанци).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.