Соботка: Чешка и Франција одбиваат да примат бегалци
Чешка и Франција не се согласуваат со трајно прераспоредување на бегалци меѓу земјите членки на ЕУ и бараат зајакнување на надворешните граници на Унијата, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, по средбите со неговиот француски колега Мануел Валс и со претседателот на Франција Франсоа Оланд, Соботка изјави дека е договорена соработка за што поскоро создавање на заедничка европска гранична и крајбрежна стража.
Според чешкиот премиер, двете земји се едногласни во мислењето дека е потребно да почне да функционира договорот со Турција во врска со враќањето на бегалците од Грција и тој да биде исполнет до крај.
- Постои потреба, што поголем број на граѓани недвосмислено да ги отфрлаат практиките на тероризмот и постои потреба од тоа, терористите да не наоѓаат поддршка и кај дел од муслиманското население во Европа, додаде Соботка одговарајќи на прашањето што се планира со терористите кои веќе се во Европа.
Соботка, смета дека враќањето на борците на Исламската држава во Европа е најголем проблем и ја истакна потребата од значително зајакнување на капацитетите на безбедносните служби и полицијата за да овие луѓе, кои претставуваат ризик бидат ставени под контрола.
- Чешката Република не е главна транзитна земја ниту за имиграцијата, ниту за терористите. Но, се разбира ја следиме ситуацијата и во случај нешто да откриеме ќе ги информираме нашите партнери, рече тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна