Со владина поддршка ќе се решаваат проблемите во Младо и Старо Нагоричане
На средбите со жителите на Младо Нагоричане премиерот Никола Груевски ги информираше за проектите кои Владата ги финансира во овој регион и за целта на неговата посета, да оствари средба со локалното населени и детално да се запознае со нивните проблеми и барања.
Изразувајќи благодарност за посетата, жителите на Младо Нагоричане презентираа пред премиерот повеќе барања за изградба на улици и канализациски и водоводни системи, за што премиерот посочи дека Владата во моментов финансира 611 илјади евра за изградба на три патни правци во општината, а министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски ги информира дека општината може да изработи проекти во вредност од 750 илјади евра, кои би биле обезбедени за финансирање од Министерството за транспорт.
Жителите се пожалија и за проблемите кои ги имаат со електрична енергија, за што беше договорено да се стапи во контакт со ЕВН.
Премиерот Груевски потоа го посети и Старо Нагоричане каде што разговараше со жителите за повеќе теми. Во интерес на земјоделците од овој регион е одлуката на Владата веќе наредната недела да се отвори канцеларија на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и руралниот развој со што ќе се излезе во пресрет на земјоделците да не патуваат за поднесување барања за субвенции. Исто така, на барање на граѓаните ќе се разгледа можноста за дополнително доделување опрема за противпожарното друштво. Жителите на двете населени места изразија благодарност до премиерот бидејќи, како што велат, Владата ги решава нивните долгогодишни барања.
Груевски попладенво изврши и увид на градежните работи на патниот правец Никуљан - Челопек во кој Владата инвестира 13,4 милиони денари.
Ново на Сител
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода