Со турбо смог-амотизери до почист воздух
Професорите Коста Митрески од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Живко Давчев од Факултетот за земјоделски науки и храна изготвиле проект за прочистување на воздухот со турбо смог-атомизер, преку примена на аeросолна метода.
Посочија, дека по двегодишните испитувања кои ги спровеле во Општина Куманово и Општина Аеродром дошле до заклучок дека со нивниот проект може да се намали аерозагадувањето за 30-70 отсто.
Истакнаа дека испитувањата ги вршеле со позајмена опрема, посочувајќи дека водени од резултатите, претставниците на Општина Куманово одлучиле да ја прiменат методата во нивниот град, досега, исто така со позајмената машина, а во иднина со турбо смог-атомизер во сопственост на Општината.
Тие денеска нагласија дека добиле донација од „Телеком“ во висина од околу 10.000 евра за набавување на два турбо смог-атомизерa со капацитет од два тонa.
– Ќе биде одлично да се спроведе нашата аeросолна метода, што ќе се користи не само зиме, за намалување на ПМ10 честичките, туку и летно време за чистење на приземен озон што ја надминува границата од 120 микрограми на метар кубен, а, исто така, е еден од петте проблеми за загадувањето на воздухот, истакна Митрески.
Потенцираше дека машините ќе се употребуваат преку целата година, бидејќи освен за чистење на воздухот можат да се користат и при чистење на снег, за санација на патишта…
Давчев истакна дека самата метода е имитација на дожд, посочувајќи дека станува збор за мала инвестиција.
Наведе дека за во Скопје се потребни околу шест комплети, трактори и атомизери.
– Пресметката е дека ако еден турбо смог-атомизер се користи во текот на една ноќ трошоците се околу 200 евра, потенцираше Давчев.
На прашањето околку тоа дали Владата и локалната самоуправа имаат слух за проектот што ќе реши проблем со кој се соочува земјата, тие истакнаа дека сега засега речиси никој не покажал интерес, посочувајќи дека сега, по добивањето на донацијата, ќе се обидат да стапат во контакт со општините со цел да им го презентираат проектот.
Ново на Сител
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање
-
Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина
-
МВР: Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки
-
СПМ: Извештајот на ЕП - индиферентност кон македонскиот идентитет, јазик, нација, култура и историја
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево