-->
-->
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко
-->
На 17.04.2025 во 20.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(43) од село Просениково, струмичко.
Тој, околу 17.00 часот со неговиот трактор насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица - Струмица и оштетил возило, кое претходно било одземено и паркирано во складот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот против З.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна