Со свечена академија одбележан празникот на Свети Климент Охридски – патрон на градот
Охрид го слави патронот на градот Свети Климент Охридски .Со низа настани ,активности и свечена академија на која беа врачени највисоките општински признанија се одбележува овој ден.
Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека Свети Климент Охридски e нашиот заштитник, светител и првоучител чија дејност и мисла лежи во темелите на постоењето и на културната доблест на македонскиот народ.
Наградата за животно дело оваа година ја доби проф. д-р Павле Митрески – кој сеуште е буден чувар на богатата општествено политичка и културна историја на Охрид и Македонија.
Добитници на Повелбата-Патрон на градот Св. Климент Охридски се Клубот за подводни дејности Охрид и Културолошката иницијатива 5 до 12.
На одбележувањеро на 8 декември беа врачени награди и на најдобрите поетски творби на Општинскиот награден ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.
Свечената академија беше збогатена со културно-уметничка програма каде учество зедоа охридските гимназијалци и реномирани македонски уметници.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар