Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2021 - 20:00

Со пораз од Холандија македонските фудбалери го завршија настапот на ЕП

Со три порази на исто толку одиграни натпревари, репрезентација на Македонија го заврши својот историски прв настап на едно големо фудбалско натпреварување, во случајов Европското првенство. 

По поразите од Австрија и Украина, во Букурешт, попладнево македонските фудбалери се поразени и од Холандија во последното коло од Ц групата. 

На средбата одиграна на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам, домашната селекција на Холандија славеше триумф со 3-0 . 

Иако Тричковски во 9.мин постигна гол, сепак беше поништен поради офсајт. 

Во 21-минута многу среќа имаа домаќините. Обидот од далечина ма Трајковски заврши само во стативата од голот на Холандија 

Стрелци на головите за „лалињата“ беа Депај во 24.минута, откако на контра нападот претходеше чист фаул брз Горан Бандев, но судиите не ја прекинат играта па Холанѓаните стигнаа до водство. 

Во вториот дел два гола постигна Вајнанлдум и ги постави конечните 3-0. 

Овој натпревара мина и во знакот на досегашниот капитен Горан Пандев кој за последен пат го облече репрезентантите дрес на Македонија за која одигра 122 натпревар, а на кои постигна 38 голови 

Популарниот „Гранде Пандев“ останува запаметен како лидер на генерацијата која за прв пат во историјата на самостојна Македонија обезбеди учество на едно големо натпреварување, а впрочем благодарение токму на голот на Пандев во дуелот против Грузија, македонскиот репрезентативен фудбал беше дел од европскиот крем. 

Сигурно дека очекувавме многу, можеби можевме и повеќе, од постигнатите три голови на трите одиграни средби, но анализите допрва ќе претстојат, а време за тоа нема да има многу. 

Имајќи во предвид дека на Игор Ангеловски му истече селекторскиот договорот со денешниот меч, ФФМ, ќе мора брзо да реагира, бидејќи веќе во септемвир ни претстојат нови фудбалски возбудувања. 

Македонската фудбалска селекција тогаш ќе ги игра натпреварите од мундијалските квалификации кои одлично ги започнавме па дури го победивме и повеќекратниот светски и европски шампион Германија. 

Токму таа победа, но и настапите на Европското првенство на македонската пред се фудбалска јавност и влева надеж, дека Македонија е способна да стигне и до Светското првенство во Катар.