Loading Video...
Фудбал
9. October 2021 - 12:01

Со победата над Лихтенштајн македонските фудбалери се пробија на 2.место на табелата - на ред е Германија во понеделник во Скопје

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација славеше убелива победа над  Лихтенштајн во квалификациите за СП во Катар, по која се искачи на второто место на табелата зад Гераманија која во понеделник гостува во Скопје. 

По три нерешени средби во низа конечно македонските фудбалери забележаа победа во Мундијалските квалификации.
 
На гостувањето кај Лихтенштај избраниците на селекторо Благоја Милевски славеа со 4-0, а реално можеше да биде и поубедливо доколку се искористеа сите создадени шанси.
 
Селекторот Милевски е задоволен од прикажаното и верува дека неговите избраници дека тие ја прифатиле неговата филозовија за промена стилот на играта кој треба да биде препознатлив и во иднина.
 
„На почеток сме на стил на градење на игра. Играчите го прифаќаат тоа на најдобар можен начин, тоа им лежи. Нема потреба да менуваме нешто драстично, без разлика дали играме со Германија или со некој друг. Да, Германија е суперквалитетна репрезентација со играчи, но ние на последните натпревари покажавме и тоа како сериозен квалитет“, изјави Милевски.
 
Германците потешко од очекуваното ја совладаа Романија со 2-1, додека во третиот меч од нашата група Исланд и Ерменија одиграа 1:1
 
Сега на табелата лидерот Германија има 18 бодови, ние и Ерменците собравме по 12, а Романија остана на 10. На последните две позиции се Исланд со 5 и Лихтенштајн со само 1 бод.
 
Во следното 8.коло од квалификациите, закажано за во понеделник (11 октомври), репрезентацијата на  Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека Германија. Исланд ќе биде домаќин на Лихтенштајн, а Романија се среќава со Ерменија. Сите натпревари ќе се играат во терминот од 20:45 часот.