Балкан
22. December 2016 - 11:43

Со овој занает може да заработите 1.200 евра месечно

Од старите занаети може убаво да се живее, вештите раце на занаетчиите може да донесат приход до 1200 евра месечно. Пример за тоа е Марија Јуриќ Ивановиќ од Шабац, Србија која произведува облека, претежно рачно изработена.
 
- Има многу рбота и поради тоа планирам да вработам уште една жена. Заработувам доволно за да ги покријам сите трошоци. Она што е најважно е дека немам позајмувано пари ниту кредити. Покрај тоа ми остануваат и пари за инвестирање во понатамошната работа, вели Марија за српските медиуми.
Уникатната гардероба, изработена во нејзината работилница се продава во Виена и Амстердам.
 
- Кога во 2007. година се впуштив во претприемачките води, мојата желба беше на жените да им понудам уникатни традиционални модели. После девет години сигурна сум дека секој кој се занимава со овој стар занает добро заработува, - завршила Марија.