Македонија
17. October 2024 - 13:23

Со мотор удри во паркиран автомобил -Тешко повредена малолетничка во Кавадарци

Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14.00 часот на улица „4 Мај“ во Кавадарци, мопед „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Кавадарци, удрил во паркирано патничко возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Р.Б.(68) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.