-->
-->
Со гол во 95-минута Лион го победи Монако
-->
Екипата на Олимпик Лион со гол во 95-минута забележа победа над шаминот Монако во првиот меч од 9.коло на француската Лига 1.
Интересен и ефикасен натпревар одиграа фудаблерите на Лион и Монако во кој беа постигнати дури пет гола, а победникот беше решен во петатта минута од судиското дополнение со конечен резултат 3-2.
Домаќините победос во 11.минута со голот на Маријано Диаз, а само шест минути (17) подоцна стигна израмнување преку Рони Лопез. Но, домашните симтатизери не чекаа долго повторно да се израдуваат, па веќе во 23.минута Лион поведе со 2-1 со голот на Фекир. Ефикасниот прв дел го заокружи Траоре со прекрасен гол во 34.минута за ново израмнување на 2-2.
И во вториот дел се играше офанзивно и отворено, па двете екипи имаа свои шанси за трет гол. Тоа се случи во петатта имута од судиското дополнение (90+5) кога Фекир од слободен удар го совлада Субашиќ и му донесе победа на Олимпик Лион со 3-2.
Ова беше вториот пораз за шампионот Монако, кој заостанува 3 бода зад лидерот на табелата ПСЖ кој попладнево гостува кај Дижон.
Олимпик Лион се проби на третото место на табелата со 16 бодови колку што имаат и Олимпик Марсеј и Нант тимови кои утре ќе ги одиграат своите средби од 9.коло во Лига 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓанските иницијативи кај Сиљановска за изборен закон
-
Прв круг локални избори на 19 октомври
-
Со едукација, а не со отпуштања државата ќе ги мотивира неработниците во јавниот сектор
-
Граѓани пријавиле дека во здравството им било барано мито – Министерот Алиу ќе проверува дали е вистина
-
Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа