Со доградба на градинката во Градско зголемен капацитетот за згрижување на деца
Детската градинка „Кокиче“ во Градско е просторно проширена со што е зголемен капацитетот на деца кои може да се згрижат од сегашните 35 на 55. Градинката е проширена за уште 100 метри квадратни. Има уште една занимална и доградена е трпезаријата за што се инвестирани еден милион и 900 илјади денари од Министерството за труд и социјална политика.
Преуредена е и внатрешноста на стариот дел од градинката, заменет е мебелот, набавени се нови детски реквизити и опремена е кујната со нови елементи. Средствата во висина од 340 илјади денари се обезбедени од Амбасадата на Полска.
– Има голем интерес на родителите од населбата Градско за сместување и згрижување на нивните деца во градинка. Затоа овој проект е во насока на исполнување на нивните барања и потреби, изјави градоначалникот на општина Градско, Роберт Бешовски.
Тој најави дека општината ќе поведе постапка градинката да функционира како самостоен правен субјект под ингеренции на Општина Градско.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски