-->
-->
Со бугарски пасош во Канада - се укинуваат визите
-->
Канада планира да ги укине визите за граѓаните на Бугарија и Романија.
Според канадскиот министер за миграција, Џон МекКалум тоа се очекува да се случи на 1 декември 2017 година, пренесе Ројтерс.
Бугарија и Романија ја поставија елиминацијата на визниот режим како услов за потпишување на договорот за слободна трговија со Канада.
Договорот беше потпишан завчера во Брисел.
Последните две недели го ставија под прашање договорот. До последен момент од малата белгиска провинција Валонија бараа гаранции и заштита на локалните интереси.
По тешките преговори добија заштитни клаузули кои даваат право за еднократно раскинување на договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година