-->
-->
Со бендот „Биг бенд“ отворен џез викендот во Прилеп
-->
Со избрани и врвни џез изведби, „Биг бендот“ на МРТВ синоќа официјално го отвори петтиот, јубилеен „Џез викенд“ во Прилеп.
Како што е најавено, во трите дена до утревечер, на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе настапат 10 оркестри со 40- ина врвни џез- музичари од Македонија и од Грција, Хрватска, Србија.
За отворен „Џез викендот“ го прогласи прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
- Посебно задоволство е што овој фестивал си создаде традиција и ја негува џез културата не само во Прилеп, туку и во Македонија, рече Ристески.
Според селекторот Владан Дробицки, Македонија си го трасира патот во џез културата во опкружувањето.
- Има фестивали во регионот со големи буџети, но ние, не се жалиме, туку мислам дека донесовме врвни џез музичари кои значат во џез културат во Регионот, вели Дробицки.
Според Љупчо Мирковски, диригент на „Биг бендот“ на МРТВ кој пет децении ја негува џез музиката, полека се развива џез културата.
- Освен во главниот град, мислам дека и во повеќето градови низ земјава џезот си го зазема своето место, и тоа го забележувам во неколку места каде настапуваме, а уште повеќе се забележува тоа во Прилеп и со посебно задоволство и чес сме на отворањето на овој џез викенд кој слави свој мал јубилеј, вели Мирковски.
Синоќа настапи и фри џез составот „Хашима“ од Србија.
Вечер на програмата се: „Dine Doneff”s Lost Anthropology“ од Грција, потоа експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во оф- програмата ќе настапи популарниот диџеј Костадин Шурбановски – Шурбе .
Утревечер, 27 август, е последната фестивалска вечер и е резервирана за гостите од Хрватска „Franz Kafka Ensemble“ и за незаменливиот Влатко Стефановски со своето Трио. Во оф-програмата ќе настапи Џенгис Ибрахим со проектот „Hi Cazz 3“.
За сите три дена на петтиот, јубилеен „Џез викенд“ во Прилеп влезот на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ е бесплатен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир
-
Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени
-
Уапсено лице за фалсификување монети во акција на македонската и косовската полиција
-
Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
-
Приведено 20-годишно лице од Скопје, барано со потерница за казна затвор
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница