Снимки и нови нови материјални докази на „Рекет”
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец кој пак на првото рочиште призна вина и беше осуден на три години затвор.
Во петокот претседателот на судечкиот совет Васка Николовска Мазнева на почетокот на рочиштето ја исклучи јавноста поради тоа што требаше да се пуштаат снимки кои содржат материјали кои, како што рече, би изнеле содржини од приватниот живот на дел од обвинетите.
На влегување во судницата, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на новинарите им рече дека доцни на рочиштето поради тоа што бил физички нападнат од затворските службеници.
Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Ново на Сител
-
Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон
-
Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби
-
Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија
-
Еврокомесарката за проширување изрази загриженост поради немирите во српскиот парламент
-
Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“
-
Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција