Живот
7. December 2018 - 13:37

Снимка од која се леди крвата во вените: Мајка - змеј три пати ги спаси своите деца од сигурна смрт во рок од неколку секунди

Мајка во Аргентина ги спаси своите две деца дури три пати за неколку секунди.

На снимката која настанала во градот Росарио се гледа како возило излетало од патот и „тргнало“ кон семејството.ж
 
Возачот наводно поради здравствени проблеми изгубил контрола над возилото.
 

Мајката и децата стоеле кај семафорот кога возилото за малку ќе ги „собереше“. Мајката ги повлече децата на патот и така го избегна налетот на возилата и децата и себеси ги заштити семафорот да не им падне на глава. На крајот децата ги повлече малку на страна за да го избегне ударот од таксито кое оттука минуваше.