Снимени три огромни кули на Марс, ловците на вонземјани тврдат дека ова се вистински докази!
Со векови луѓето зборуваат за можноста за живот на Марс поради близината на оваа планета и нејзината сличност со Земјата, но дури и денес кога многубројни снимки од сонди и сателити не пронашле докази за присуство на најпримитивните форми на микроорганизми, теоритичарите на заговор не губат надеж.
Најнов повод за траги на цивилизација објавен е на шпански јутуб канал, каде се поставени фотографии од површината на Марс на кои наводно се гледаат остатоци од присуство на вонземјани.
Објавено е видео кое наводно прикажува три исправени структури кои наликуваат на кули. Овие приврзаноци на теоријата за постоење на вонземјани сметаат дека станува збор за мега кули во делот на Марс кој се нарекува Тера Меридиани.
Фотографиите се објавени на Гугл Марс а потекнуваат од слики кои се направени од страна на мисијата на НАСА “Mars Global Surveyor” и “Mars Odyssey”.
Ако претпоставиме дека фотографиите се автентични, на нив може да се видат три исправени структури. Постои голема веројатност да станува збор за геолошки форми создадени како резултат на природни процеси, но тоа не ги спречува теоритичарите на заговор да ги толкуваат како доказ за постоење на кули или згради кои се дело на интелигентни суштества.
Многу од сајтовите кои ја проучуваат оваа тематика веруваат дека ова се клучни докази дека Марс е населен, но тоа не е ништо невообичаено бидејќи не е прв и сигурно не е последен пат секоја необична структура на Марс да се толкува како доказ за постоење на цивилизација.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт