Снежното невреме предизвика хаос - тешка е состојбата во областите Голо Брдо и Гора
Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, алармира на тешката состојба во областите Голо Брдо и Гора,предизвикана од обилните снежни врнежи и ниските температури.
– Врнежите од снег во изминатите денови и ниските температури создадоа тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Сите патишта кои водат до областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани. Македонците и другите жители во двете области се отсечени од светот. Резервите на храна се при крај а немаат ни основна здравствена заштита, стои во соопштението на друштвото.
Поради тоа се апелира до Владата на премиерот Еди Рама, локалните власти на Булќиза, Либражд и Кукс итно да превземат неопходни мерки за да се пробјат патнте правц кои областте г поврзуваат до градските центри.
И албанските медиуми јавуваат за завеаните села во овие области и оти жителите почнале самоиницијативно со теренски возила и лопати да ги оспособуваат главните патишта.
Ново на Сител
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови