Снежна бура го зафати североисточниот дел на САД, откажани голем број летови
Североисточниот дел на Соединетите Американски Држави денеска го зафати силно снежно невреме, поради што се откажани голем број летови и железнички линии, а училиштата наставата ја изведуваат од далечина.
Повеќе од 12 сантиметри снег се забележани во округот Хартфорд, Конектикат, додека повеќе од 25 сантиметри снег паднале во делови на Пенсилванија, пренесува весникот „Њујорк пост“.
На аеродромот „Ла Гвардија“ во Квинс се откажани повеќе од 40 отсто од полетувањата и 36 отсто од слетувањата на авионите, додека на меѓународниот аеродром „Њуарк Либерти“ во Њу Џерси се откажани повеќе од 20 отсто од полетувањата.
Аеродромот „ЏФК“ во Њујорк откажа околу 17 отсто од летовите. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамас ги предупреди граѓаните за можни „ризични услови“ за време на патувањето.
Ново на Сител
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје