Снег пред новогодишната ноќ, температурата од минус три до три степени
Новогодишната ноќ во поголемито дел од земјата ќе биде студена со температура под нулата. Врнежите од снег што ќе почнат од недела попладне, ќе траат во текот на целиот ден во понеделник, а за време на новогодишната ноќ ќе престанат.
- Повремени врнежи од дожд и снег на пониските делови, а на повисоките и планините од снег ќе има уште од недела попладне. Врнежите од снег ќе продолжат и понеделник особено на северот, а ќе дува северен ветер, што во понеделник и вторник повремено ќе засилува. Врнежите ќе прекинат ноќта кон вторник, информираат од УХМР.
Температурата на новогодишната ноќ ќе се движи од минус три до три степени. Во југоистокот ќе биде во позитива, а во останатите делови од земјата Новогодишната ноќ ќе биде со температура под нулата.
Дневната темпратура ќе достигне до осум степени.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија