Снег го затрупа Стокхолм - граѓаните не паметат вакви врнежи
Шведскиот главен град во последнитот век немал толку снег, колку што има деновиве.
Имено, најмалку 30 сантиметри снег наврнаа во Стокхолм во средата, повеќе од кој било ноемвриски ден од рекордот измерен во 1905 година, според државната метеоролошка агенција SMHI.
Претходниот рекорд бил поставен во 1985 година и изнесувал 29 сантиметри, што паднале во еден ден, но секако тоа не е ни близу измерените 76 сантиметри снег во Стокхолм измерени во март 1909 година.
„Утрото наврнаа 21 сантиметар, а во текот на денот уште 15 до 20 сантиметри“, вели метеорологот Елизабет Сарнак, во средата.
Во четврток утрото измерени се 39 сантиметри.
Снегот предизвика проблеми во главниот град, најмногу во превозот, кога многу автобуски линии беа откажани, а возачите беа принудени да ги напуштат своите возила на патиштата. Неколкумина пријавија дека биле заглавени во своите автомобили по десет часа.
Некои предградија на Стокхолм ги заменија автобусите со бродчиња и така ги пренесуваа патниците до центарот на градот.
Од 3 часот наутро сите возила кои расчистувата снег се на улиците на Стокхолм за да обезбедат што е можно повеќе проодни улици за сообраќај.
Ново на Сител
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови
-
Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора
-
Македонското студио „Денсерс јунајтед“ освои вкупно 19 медали во Полска