Снајперисти убија петмина полицајци во Далас, тројца напаѓачи приведени
Петмина полицијаци се смртно застрелани, а шестмина се повредени кога снајперисти отворија оган кон полицајци во центарот на Далас, за време на протест поради неодамнешното убиството на двајцата Афроамериканци, кои го извршиле припадници на полициите во Луизијана и Минесота.
Три лица се уапсени во врска со снајперскиот напад врз полицајци во Далас, а со четвртиот осомничен, кој се забарикадирал во гаража во градот, а полицијата преговара да се предаде, изјави началникот на полицијата во Далас, Дејвид Браун.
Еден од тројцата уапсени доброволно се предал, откако негова фотографија била објавена од полицијата и јавноста била замолена да помогне во неговото идентификување.
За време на преговорите со четвртиот осомничен тој изјавил дека поставил бомба некаде во центарот на градот, истакна Браун.
Осомничениот исто така отворил оган кон полицајците, кои го опколиле и престрелката трае веќе 45 минити, додаде тој. Тој изјавил дека планира да повреди уште полициски службеници.
Браун изјави дека најмалку двајца снајперисти отвориле оган кон полициските службеници со намера да убијат колку што е можно повеќе полицајци.
Нападите биле планирани и координирани.
По нападот врз полицајците за време на протестот во Далас, центарот на градот буквално беше блокиран од силите на редот.
Браун додаде дека засега не се познати мотивите на напаѓачите.
Поради инцидентот американското цивилно воздухопловство ги ограничи летовите над Далас. Ограничувањата не се во сила само за летовите на Брзата помош, организирани од локалната полиција. Ограничувањата важат од 3:45 часот до 11:30 според Гринич.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор