Смртниот биланс од земјотресот во Турција се искачи на 42 лица
– Бројот на загинатите од земјотресот во западна Турција се искачи на 42 лица, соопшти Републичката агенција за вонредни состојби и природни катастрофи, пренесува ТАСС.
Претходно без пријавени 39 мртви и 885 повредени.
„Спасувачките екипи во Измир работат на урнатини на девет уништени згради“, се додава во соопштението.
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја потресе во петокот западна Турција, со епицентар во Егејското Море, во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир. Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови. Грчките сеизмолози ја проценуваат неговата јачина на 6,9. Најмалку 20 згради се урнаа во Измир. Земјотресот предизвика мало цунами што ги зафати крајбрежните улици на Сеферихисар.
Материјална штета има и на грчкиот остров Самос, каде две лица загинаа, а 20 се повредени.
Ново на Сител
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024