Свет
8. May 2016 - 17:20

Смртниот биланс од загинатите во сударот на два автобуса и цистерна во Авганистан се искачи на 73

Бројот на загинатите во сударот на два автобуса и една цистерна со гориво, што денеска се случи на фрекфентен автопат во Авганистан се искачи на 73 лица, соопшти денеска авганистанското Министерство за здравство.

- Повеќето загинати се изгорени и целосно непрепознатливи, изјави портпаролот на Министертсвото Исмаил Кавоси, пренесува МИА.

Локалните власти соопштија дека меѓу загинатите има жени и деца.

- Во несреќата, исто така, се повредени повеќе десетици лица, а се очекува бројот на жртвите да се зголеми, изјави портпаролот на гувернерот на источната авганистанска провинција Газни, Џавед Саланги,.

Тој утрово наведе дека 73 патници од автобусот се повредени и префрлени во болница и додаде дека документите покажуваат дека во двата автобуса во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 125 патници.

До сударот дошло на главниот автопат што ги поврзува престолнината Кабул и Кандахар, на југот од Авганистан, а возилата потоа се запалиле.

- Несреќата била предизвикана од невнимателно возење, рече директорот на локалната управа за сообраќај Мохамадула Ахмади.