Свет
27. August 2016 - 14:40

Смртниот биланс на загинатите во земјотресот во Италија се искачи на 290 лица

Италијанските власти соопштија дека бројот на жртвите од земјотресот во централна Италија достигна 290, пренесува БТА.

Службата за цивилна заштита ги соопшти новите податоци утрово, непосредно пред да започнат државни погреби за некои од жртвите, на кои присуствуваат претседателот Серџо Матарела и премиерот Матео Ренци.

Најпогоден е градот Аматриче, каде до овој момент е потврдена смртта на 230 лица. 

Во Акумоли нашле загинале 11 лица, а во Аркуата дел Тронто - 49.