-->
-->
Смртни закани за Вознијацки од гледалиштето
-->
Каролина Вознијацки од Данска е лута на организаторот на тенискиот турнир во Мајами бидејќи не реагирал на заканите што во текот на мечот со Пуиг од Порторико од публиката. Вознијацки пријавила дека на мастерсот во Мајами добивала смртни закани. Вознијацки доживеа елиминација од Моника Пуиг, но како што рекла не можела да го поднесе однесувањето на навивачите.
„Пред неколку ноќи бев поразена од одлична противничка, која исто така е моја голема пријателка. Свесна сум дека е тенис игра која носи победи и порази. Сепак, во текот на ноќта, од публиката добивав закани. Ми се закануваа мене и на моето семејство, ја посакуваа смртта на моите родители, со погрдни зборови им се обраќаа на 10-годишните внуци на мојот свршеник“, напишала на Твитер данската тенисерка.
„Луѓето од обезбедувањето не презедоа ништо, туку тоа го прифатија како да е нормална работа. Се надевам дека луѓето во Мајами ќе преземат сериозни чекори бидејќи ова е лош пример за наредните генерации на тенисери и навивачи“, пишува Вознијацки во своето соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми