Македонија
1. September 2018 - 11:07

„Смоквијада 2018“ во Гевгелија

Во Гевгелија денеска по 12. пат се одржува традиционалната манифестација „Смоквијада 2018“.

Настанот се одржува на просторот на стариот пазар, во центарот на Гевгелија, а на завршната приредба присутните ќе ги забавуваат групата „Љубојна“ и ансамблот „Бојмија“.

Фестивалот на смоквата оваа година ќе има нов концепт во натпреварувачкиот дел, а тоа е можноста за учество на секое домаќинство од Гевгелија и околните населени места.

Секој натпреварувач слаткото го вари во својот дом, а една тегла доставува до организаторот ЗГ „ТЕРА“ на денот на одржување на Смоквијадата. Посебна комисија ќе го оценува квалитетот на слаткото што ќе биде сварено и ќе додели три парични награди: прва награда 15.000 денари, втора награда 10.000 денари, трета награда 5.000 денари.

Настанот е во организација на здружението на граѓани „ТЕРА“, а под покровителство на грaдoнaчaлник нa oпштинa Гевгелијa, Сaшo Пoцкoв.