Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот
Бебињата развиваат смисла за хумор во првиот месец од животот, покажа ново истражување што опфатило околу 700 бебиња од целиот свет. Тоа беше објавено во списанието „Бихејвиор рисрч методс“ (Behavior Research Methods).
Тим истражувачи од Универзитетот на Бристол откриле дека бебињата уживаат во хуморот заснован на различни активности, како – скокоткање, сокривање и покажување, кривење на лицето и зборување со „чуден глас“… Социјализацијата е клучна за развивање смисла за хумор, а помага и во подобрување на другите мозочни вештини, како што е имагинацијата.
Д-р Елена Хоичка смета дека смислата за хумор е сложен процес што се развива во првите четири години од животот.
– Со оглед на универзалноста и важноста на хуморот во животот на децата и возрасните, важно е да се развијат алатки за да се утврди како првично тој се развива, за да можеме да ја разбереме не само појавата на смеењето, туку и како тоа може да им помогне на младите кога станува збор за менталното здравје, појасни таа.
Според тоа, бебињата под една година сакаат да ги гледаат реакциите на другите луѓе, на пр. кога некој ќе се исплаши и слично. Двегодишните деца се заинтересирани за тн. „бесмислен“ хумор – реченицата „Кучето му кажува“ итн. Тригодишните деца сакаат игри со зборови, трикови, но и погрдни зборови.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром