Македонија
14. April 2020 - 16:38

Сместени во државен карантин сакале да се дружат во иста соба - заработија пријави

Три лица од Битола ,Кавадарци и Берово сместени во државен карантин во Охрид сакајќи да направат забава заработија кривичнa пријавa.Тие синоќа во хотелот на брегот на езерото го нарушиле јавниот ред и мир со непостапување според здравствените прописи за време на пандемија ,не слушајќи ги препораките од страна на полискиот службеник кој го контролирал објектот сакале од една соба да влезат во друга за да се  дружат .Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски апелира на совесно и дисциплинирано придржување на мерките за спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 228 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 26), кои се сместени во четири сместувачки објекти.