Случајот Музалас се уште актуелен во Грција
Нема апсолутно никаква причина за министерот за миграција Јанис Музалас да ја напушти Владата, изјави денеска грчкиот министер за енергија, Панос Скурлетис.
- Не гледам дека се создало политичко прашање. Ако сме зрели, треба да го сметаме ова прашање за затворено и јас мислам дека е затворено. Нема апсолутно никаква причина за тој да си замине, истакна Скурлетис.
Во Грција се уште не стивнуваат реакциите откако Музалас во едно телевизиско интервју ја нарече нашата земја Македонија. Иако имаше информации дека коалициските партнери во Владата, Сириза и Независни Грци, ги „закопале секирите“ во врска со случајот Музалас, откако лидерот на АНЕЛ и министер за одбрана Панос Каменос бараше тој да поднесе оставка, изгледа дека гафот на министерот за миграции останува „камен на сопнување“ во односите меѓу двете владејачки партии, јави дописникот на МИА од Атина.
Според владини извори на некои грчки медиуми, премиерот Алексис Ципрас „ги разгледува сите можни и неверојатни сценарија за да се извлече од случајот Музалас“. Ципрас во моментов не сака да ја наруши соработката со Каменос . Соработници на министерот за одбрана, пак, наводно рекле дека иако тој јавно кажува едно, по враќањето од САД сака итно решавање на случајот Музалас.
Со цел смирување на тензиите меѓу двете партии, извори од Сириза наводно рекле и дека Ципрас подготвува реконструкција на неговиот Кабинет која би се извршила во април.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН