Словенија предлага Хрватска да го олесни преминот на граница за вакцинираните со една доза на АстраЗенека
Во Словенија епидемиолошката состојба со пандемијата на коронавирусот продолжува да се смирува, а во меѓувреме Словенија и предложи на Хрватска да го олесни преминувањето на граничните премини за Словенците кои се вакцинирани со само една доза на „АстраЗенека“ и ја чекаат втората.
Во Словенија, оние кои биле вакцинирани со една доза од оваа вакцина се сметаат за имуни и не им е потребен негативен тест како доказ при влез во земјата.
„Разговаравме за ова со нашите хрватски колеги минатата недела, но сè уште немаме дефинитивен одговор“, рече денеска водечкиот инфектолог Матеја Логар на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
За можноста Словенците да влегуваат во Хрватска без карантин и негативен тест, доколку се вакцинирани со една доза на „АстраЗенека“, без да ја чекаат втората, се дискутираше подолго време, со оглед на почетокот на туристичката сезона.
– Иако некои земји го скратуваат времето помеѓу две дози на четири недели, што е дозволено од производителот, Словенија се придржува кон правилото дека мора да поминат 12 недели помеѓу двете дози затоа што тогаш имунолошкиот одговор на организмот е многу посилен, објасни Логар, додавајќи дека тие сè уште чекаат позитивен одговор од хрватските колеги.
Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 113 случаи на инфекција со коронавирус, со намален обем на тестирање, со позитивен процент од 7,5 проценти, а три лица починале како резултат на болеста, објави словенечката Влада.
Ново на Сител
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите