-->
-->
Словенија ја отвора фонтаната на пивото
-->
Првата фонтана на пиво во светот во словенечкиот град Жалец, по полугодишната сезонска пауза, во сабота повторно ќе биде отворена.
Поради епидемијата на коронавирусот, отворањето беше одложено повеќе од еден месец, а во сабота 20 пивници ќе претстават околу 30 словенечки марки пиво.
Отворањето ќе се одржи во согласност со упатствата издадени од Националниот институт за јавно здравје за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Предвидено е да се постави таканаречена сигурна патека по која посетителите можат да се движат со цел да се овозможи да ги почитуваат мерките за социјална дистанца.
Само три лица ќе можат во исто време да влезат во делот во рамките на фонтаната, но ќе треба да бидат на растојание од најмалку 1,5 метар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста