Словенија ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на единаесетдневно целосно затворање
Од денеска Словенија ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на единаесетдневно целосно затворање за време на Велигден.
Патувањето во земјите од црвената листа, во кое се вклучени сите соседи на Словенија, ќе биде забрането, освен за транзит, стока и некои други исклучоци.
Освен секојдневните прекугранични патници, кои веќе треба да се тестираат на секои седум дена со брз тест за антиген, сите патници ќе треба да покажат PCR-тест направен во земја на ЕУ или во Шенген зоната, со цел да се избегне задолжителен карантин.
Според Владата, главната причина зошто мерките на границата треба да се зајакнат е да се спречи очекуваното ненадејно зголемување на патувањата за време на Велигден, кога многумина од поранешна Југославија кои работат во Словенија ги посетуваат своите семејства.
Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат неесенцијалните продавници и служби, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и приватните фирми.
Се враќа наставата од далечина, додека децата, чие родители се вработени во важната државна инфраструктура, ќе бидат згрижени во градинките и училиштата.
Ќе биде забрането движење надвор од регионот, освен за Велгиден кога ќе биде дозволено собирање на шест лица од две домаќинства заедно со децата.
Повоторно се воведува задолжително носење на заштитни маски на отворено.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра