Словенија ги менува критериумите за влез во земјата
Поради зголемениот број на увезени случаи на заразени со коронавирус минатата недела, Словенија одлучи од 15 јули да ги смени критериумите за влез во земјата и повеќе нема да зависи од која држава доаѓаат патниците, туку само од нивниот ковид статус.
Според одлуката на словенечката Влада, за влез во земјата без карантин ќе важи европската дигитална потврда за вакцинација или дигитална потврда од трети држави, а основен критериум за влез е доказ дека некое лице прележало Ковид-19, целосно е имунизирано или има негативен резултат од тест.
Единствен исклучок се странците кои имаат земјиште или недвижен имот во Словенија (т.н. двојни сопственици) и за деца под 15-годишна возраст доколку се во придружба на родител или старател, јавија словенечките медиуми.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава