Loading Video...
Балкан
15. јуни 2021 - 12:22

Словенија денеска прогласува крај на пандемијата со Ковид-19

Словенија денеска официјално прогласува крај на пандемијата со Ковид-19, но дел од рестриктивните мерки ќе останат на сила.

Мерката за носење маски во затворено ќе остане на сила додека земјата не влезе во зелената фаза според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести. Епидемиолозите очекуваат дека тоа може да се случи кон крајот на јуни или во почетокот на јули годинава. Покрај оваа мерка ограничувањето на бројот на присутни на затворено ќе остане на сила. 

Властите во Словенија најавија и дека викендов ќе се организира масовна вакцинација на помали места и тоа без закажување термин.