Словенечките епидемиолози се преоптоварени, веќе не бараат контакти од заразените
Во Словенија потврдени се 898 нови инфекции со коронавирус од 5.605 тестови, објави денеска словенечката влада.
„Го зголемуваме бројот на тестови, но процентот на заразени останува висок, овојпат 16 проценти“, напиша владиниот портпарол за Ковид-19, Јелко Кацин во објава на „Твитер“, додавајќи дека од новозаразените 898, само еден случај е увезен од странство, додека сите останати се резултат на локално пренесување на вирусот.
„Сè повеќе се носат маски, што значи дека брзо расте свеста кај граѓаните оти секој од нас мора да даде свој придонес да се запре ширењето на оваа болест“, додаде словенечкиот портпарол.
Вчерашните 898 регистрирани инфекции претставуваат најголема дневна брјока во Словенија од почетокот на епидемијата, откако е надминат рекордот од 845 нови случаи регистриран ден претходно. Во последната недела, дневниот број на новозаразени во Словенија е зголемен за цели 136 проценти, а во црвената зона каде се спроведува делумна блокада, се десет од 12 покраини, со повеќе од 80 проценти од населението.
Поради бројот на нови инфекции, кои се зголемуваат секој ден, словенечките епидемиолози повеќе не бараат контакти од лица кај кои тестот бил позитивен, бидејќи за тоа се преоптоварени во оваа фаза на епидемијата.
Затоа, од денес, задача на секој заразен е лично да ги информира своите контакти, односно лицата со кои бил во контакт, за да можат да бидат изолирани, соопштија здравствените власти.
„Ситуацијата се здоби со такви димензии што веќе нема смисла да се чека на ефективноста на сегашните мерки“, рече Бојана Беовиќ, која го предводи владиниот стручен тим за Ковид-19 во изјава за Словенечката телевизија.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња