-->
-->
Словенечки пратеник поднесе оставка бидејќи украл сендвич
-->
Словенечкиот пратеник Дарио Крајчич од владеачката партија ЛМШ поднесе оставка по барање од лидерот на партијата бидејќи тој зел сендвич од маркет, без да го плати, пренесе „24УР“. Според информациите, тој го зел сендвичот иако намерите не му биле да го украде.
54-годишниот пратеник рекол дека одлучил да ја напушти продавницата без да плати бидејќи чекал на касата три минути, иако имало тројца вработени.
„Се почувствував како да сум невидлив ветар. Жалам за социјалниот експеримент што го направив“, коментира Крајчич, кој си заминал со сендвичот незабележано, а во меѓувреме се вратил за да го плати.
По реакциите во јавноста, партиското раководство го осуди чинот како неприфатлив и побара пратеникот да си поднесе оставка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино