-->
-->
Словенечката Влада се подготвува за масовно тестирање
-->
Словенечката Влада им нареди на надлежните служби до 5 декември да направат подготовки за масовно тестирање на населението, како и да подготват список на доброволци за вакцинација, објави словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер.
Според Јанша, одлуката е донесена врз основа на проценки на состојбата со епидемијата и во согласност со консултациите на европско ниво, објави агенцијата СТА.
Словачка беше прва во Европа што започна масовно тестирање на населението на почетокот на ноември. Досега се тестирани две третини од словачките граѓани, од кои еден процент се позитивни.
Од понеделник, и во Словенија ќе започне систематско тестирање на вработените во здравствените установи и домовите за стари лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ