Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници
Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот.
Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“.
Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста што ја имаат функционерите пред граѓаните.
Оние кои ќе треба да бидат тестирани се очекува „совесно и непристрасно да ги извршуваат своите обврски“, изјавија демократите.
Законот предвидува носителите на јавни функции да се тестираат еднаш годишно, но ќе бидат информирани за тестот 48 часа порано.
Тестот би се спроведувал во присуство на четиричлена комисија во која би членувале двајца претставници на новинарски организации, а резултатите би биле јавно достапни.
Сличен закон беше предложен пред пет години, но не помина во парламентот бидејќи беше оценет како неостварлив и популистички.
Новиот предлог е поднесен неколку дена откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое Лука Месец, лидерот на Левица, која е дел од коалициската влада, признава дека повремено пуши марихуана. Неговата партија долго време се залага за легализација на марихуаната во Словенија.
Ново на Сител
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”
-
Трамп го номинираше Шон Дафи за министер за транспорт
-
Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе
-
Масовниот убиец Андреас Брејвик повторно бара предвремено пуштање од затвор