Балкан
19. January 2016 - 8:20

Словачкиот министер за надворешни работи во посета на Косово

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во официјална посета на Косово.

Лајчак ќе пристигне во Приштина во попладневните часови, по што ќе ја открие спомен-плочата на загинатите словачки војници.

За време на кусиот престој во Приштина, Лајчак ќе се сретне со претседателката Атифете Јахјага, премиерот Иса Мустафа и со претседателот на парламентарната комисија за надворешна политика Енвер Хоџај.

Лајчак нема има средба со неговиот косовски колега Хашим Тачи, кој се наоѓа во официјалната посета на САД.

Шефот на словачката дипломатија ќе ја заврши посетата со средби во седиштето на КФОР, по што во вечерните часови ќе отпатува од Приштина.

Пренесувајќи ја веста за неговата посета, косовските медиуми наведуваат дека Лајчак е познат по неговиот позитивен став кон Косово, иако неговата земја се уште не ја признала неговата незвисност.