Македонија
13. January 2022 - 16:34

Слободен паркинг на Клинички останува невозможна мисија

Автомобили кои едвај се движат, нервозни возачи поради изгубеното време, но и загрижени пациени кои наместо брзо да стигнат на преглед, не можат да се пробијат низ сообраќајниот хаос - сликата на Клинички денес, речиси идентична како и вчера. Гужвата во претпадневите часови почна уште на самиот влез, а продолжи во тесните улици низ комплексот каде речиси е невозможно да се вози, поради непрописно паркирани автомобили. 

Ниту денес не забележавме вработен од Градски паркинг кој би ги пренасочувал автомобилите за да се растерети сообраќајниот хаос.

Новиот в.д директор на Градски паркинг Бојан Христовски кој денеска ја презеде функција од претходникот Филип Пасху вели дека е свесен за долгогодишниот проблем со кој се соочуваат граѓаните. 

Претходнот в.д директор со претпријатието раководеше само 10-тина дена, од него вчера не добивме одговор зошто не се регулира пропуштањето возила согласно капацитетот на паркингот, зошто нема лица кои ќе регулираат доколку има застој и зошто нема повеќе наплатни пунктови со оглед на тоа што не сите знаат како да ги користат паркоматите. 

Новиот вети дека ќе добиеме одговори.