Слепа жена падна, повреди врат и повторно прогледа
На една жена која била слепа повеќе од 20 години и се вратил видот откако паднала и ја удрила главата во нејзиниот дом на Флорида.
Мери Ен Франко (70) постепено ослепе по повреда на рбетот во автомобилска несреќа во 1993 година, додека целосно не го изгуби видот.
Сепак, две децении подоцна, една несреќа и операција која следела и се врати видот, а лекарите се уште не се сигурно како дошло до тоа.
- Бев целосно слепа. Гледав само темница, реце таа за британски „Индипендент“.
- Бев во дневната соба и тргнав кон вратата, но се сопнав и паднав удирајќи го вратот во нешто, можеби од каминот, раскажа таа.
По падот кој се случил во август 2015 година Франко морала да носи крагна за имобилизација на вратот се до операцијата пред неколу недели. Таа беше во болница и се опоравуваше од четиричасовниот зафат на нејзиниот врат кога сфатила дека видот и се врати.
- Лекарите ми дадоа уште лекови и следното утро ги гледав дрвјата и белите куќи низ мојот мал болнички прозорец. Јас бев најсреќната жена во светот. Сите ми рекоа дека сум вистинско чудо, рече таа.
Неврохирургот др. Џон Афшар кој ја оперираше Франко раскажа дека не можел ни да претпостави дека кај жената по операцијата ќе и се врати видот.
- Тоа е навистина чудо. Немам научно објаснување за тоа, рече тој за Еј-би-си њуз.
Франко, верува дека Бог и помогнал повторно да прогледа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени