Македонија
10. October 2019 - 16:50

Следната недела Собранието ќе го менува Законот за одбрана согласно стандардите на НАТО

Се прават последни чекори, пред Македонија и официјално да стане членка на НАТО. Наредната недела во Собранието ке се најде новиот  закон за одбрана, кој е усогласен со обврските и правилата на Алијансата. Од самоодбрана, земјата преминува во систем на колективна одбрана, каде напад врз една , значи напад врз сите членки на  НАТО. Токму во  тој сегмент се направени и клучните промени во закондавството.

Ресорната министерка очекува широка поддршка за овој закон, за кој е потребно  двотретинско мнозинство во параламентот. Шкеринска најави континуирано зголемување  буџетот за одбраната согласно НАТО стандардите, но и зоглемување на процентот на средствата наменети за модернизација на опремата за Армијата и за инфраструктурните објекти.

Во меѓувреме  уште се чека на 6 земји да ја завршат процедурата на ратификација на протоколот за прием во Алијансата. Најголема проблем преставува  Шпанија, каде на 10 ноември се закажани избори, по што ке треба и извесен период да профункционира новиот состав на парламентот.  

Тоа значи дека  постојат реални шанси Македонија  да не го добие полноправното членствио на декемврискиот самит во Лондон, туку наредната година.