Македонија
17. August 2023 - 16:32

Следи нов топлотен бран, со температури близу 40 - Совети од лекарите до ризичните групи, посебно трудниците

Се вратија високите летни температури. Според препораките од Министерството за здравство покрај повозрасните и хронично болните периодов посебно внимателни треба да бидат и бремените жени.

Гинеколозите советуваат трудниците без потреба да не излегуваат во најтоплиот период од денот и кога се на одмор, а хидратацијата да ја почнат уште во утринските часови. 

- Една до две чаши вода во утринските часови веднаш по станувањето овозможува добра хиидратација уште во утринските часови. А во текот на денот се препорачуваа два до два ипол литри течности, но не газирани пијалоци, алкохол и цигари, изјави д-р Адела Стефанија, од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Освен силното сонце и штетното УВ зрачење доктор Стефанија со совет до бремените жени да избегнуваат и капење во базени и други не истечни води поради зголемениот ризик од инфекции како и во првите 12 и после 28-та недела да не патуваат со авион доколку имаат нормална бременост, а доколку се возат во автомобил да прават почести паузи.