Славниот актер боледува од рак, храбро се бори против смртта
Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека боледува од рак на простата, но и дека води жестока борба со болеста.
Фрај наведува дека болеста му била дијагностицирана на крајот на минатата година, а дека неодамна со операција му била отстранета простатата.
Тој истакна дека сега ги чека резултатите и се надева дека се ќе помине во најдобар ред.
– Се надевам дека ќе добијам уште неколку години на оваа планета, бидејќи во моментов уживам во животот, што е само по себе прекрасна работа. Навистина не би сакал да си одам од овде, потенцира шеесетгодишниот актер, кој со години се справуваше со депресијата.
Фрај има играно во многу серии и филмови, во голем дел од нив заедно со неговиот пријател Хју Лори. Меѓу попопуларните серии во кои се појавува е „Црна змија“. Тој беше ангажиран и како телевизиски водител, сценарист и режисер. Автор е и на неколку книги.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците