Слави Трифонов: Ја напуштив Владата поради Македонија
Лидеротот на „Има таков народ“ Слави Трифонов во интервју за приватното радио „Дарик“ вели дека ја напуштил владејачката коалиција поради Македонија, додавајќи дека е прекршен коалицискиот договор.
-Ја напуштам владата поради Македонија, изјави Трифонов по повеќе од еден час разговор, изразувајќи ја својата иритација поради ова прашање.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Трифонов, додека локалните Бугари не бидат дел од уставот на Северна Македонија и не започне имплементацијата на Договорот од 2017 година и доколку тоа зависи од него, Скопје не би ги започнало преговорите за членство во ЕУ.
Тој беше дециден дека излегувањето од владејачката коалиција е правилно, бидејќи е помалку лошо од она што почна да се формира.
Според Трифонов, Кирил Петков и Асен Василев се забораваат и се однесуваат на неадекватен начин. Беше категоричен дека тие треба да се запрат, и дека тој тоа го направил. Најголемиот компромис што го направиле тој и неговата „Има таков народ“ е да коалицираат со Бугарската социјалистичка партија.
Ново на Сител
-
Забрана за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод - Скопје поради пожарот во Јасен
-
Продолжува топлото време – температури до 39 степени
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации